Ненаплатливите кредити и оваа година ќе останат предизвик за финансиската индустрија во Македонија и регионот. Со оглед на состојбата во светската економија, и трендот на пораст на лоши кредити не запира, но во Македонија, во споредба со регионот, ситуацијата и не е толку алармантна, анализира порталот Лидер. Последните податоци на Народната банка на Македонија покажуваат дека македонските граѓани и компании заклучно со ноември 2013 година не можеле редовно да ги плаќаат ратите за кредити во износ од околу 450 милиони евра, односно околу 11,3% од целото кредитно портфолио. Од нив, 345 милиони евра се проблематични за наплата од компаниите, додека пак граѓаните не се способни да вратат кредити во износ од 105 милиони евра.
Ненаплатливите кредити и оваа година ќе останат предизвик за финансиската индустрија во Македонија и регионот. Со оглед на состојбата во светската економија, и трендот на пораст на лоши кредити не запира, но во Македонија, во споредба со регионот, ситуацијата и не е толку алармантна, анализира порталот Лидер.
Последните податоци на Народната банка на Македонија покажуваат дека македонските граѓани и компании заклучно со ноември 2013 година не можеле редовно да ги плаќаат ратите за кредити во износ од околу 450 милиони евра, односно околу 11,3% од целото кредитно портфолио. Од нив, 345 милиони евра се проблематични за наплата од компаниите, додека пак граѓаните не се способни да вратат кредити во износ од 105 милиони евра.
Според Лидер, во однос на крајот од минатата година, кога стапката на нефункционалните кредити кај претпријатијата изнесуваше 12,5%, а кај граѓаните 7,1%, има благо намалување на состојбата на лоши кредити на македонскиот пазар.
Во извештајот на НБРМ за третиот квартал од 2013 година стои дека банките прават напори да ги намалат нефункционалните кредити преку приспособување на кредитните услови кон финансиската состојба на своите клиенти, за да овозможат полесно исполнување на кредитните обврски.
Народната банка предупредува дека ова треба да се толкува со доза на внимание, поради можноста за привремено подобрување на квалитетот на кредитното портфолио, поради ризикот дел реструктурирани кредити повторно да преминат во нефункционални.
Според прогнозите за оваа година, банкарите сметаат дека лошите кредити на компаниите и понатаму ќе останат високи, додека кај кредитите од граѓаните се очекува постабилна состојба.
Банкарите од регионот предупредуваат дека високиот просек на проблематични кредити на ниво на целиот сектор е последица на проблемите во поединечни банки, и дека тој проблем треба да се решава во договор со банките, бизнисмените и државните институции, така што сите ќе ја прифатат реалноста и ќе се откажат од максималистичките зафати.